Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1462/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 533.76 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 30, 2015
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1462/14

(...) „Првостепениот суд утврдил дека работодавачот не постапил спротивно на член 6 од Законот за работни односи ниту пак спрема работничката при пресметување и исплаќање на платата е ставена во понеповолна дискриминирана положба. Имено, според принципот на префрлање на товарот на докажување, жртвите на дискриминација се должни да поднесат факти и докази од кој може да се претпостави дека постоела дискриминација, па потоа товарот на докажување за дискриминација се префрла на тужениот кој во текот на судската постапка треба да докаже дека немало дискриминација, односно дека имало законска причина за нееднакво постапување. Во услови кога местото на живеење на тужителката не е на поголема оддалеченост од 2 км од работното местон не е исполнет условот од член 95 од КД на работодавачот за пресметка на плата со додаток од 315 бодови за оддалеченост на местото на живеење до местото на работа, првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката и утврдил дека истата не е ставена во нееднаква положба во однос на другите вработени кај тужениот. Во изјавената жалба тужителката наведува дека првостепениот суд го поставил Колективениот договор над Уставот што е недозволиво бидеќи Уставниот суд на РМ донел одлука со која колективниот договор со кој се прави разлика помеѓу вработените во исплатата на плата врз околоноста на живеење на помала или поголема оддалеченост на работното место е противуставен и со истиот вработените се доведуваат во нееднаква положба. Со ова работничката добива помала плата од останатите вработени поради фактот што паричните средства кои работодавачаот ги исплаќа на име патни трошоци се засметуваат во бруто плата врз основа на која се пресметува основицата за пензија, произлегува дека истата би примала и помала плата во однос на другите вработени. Второстепениот суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што известувањето од Народен Правобранител од 7.5.2013 година како и одлуката на Уставен суд од 25.11.2009 година, не може да бидат од влијание за поинакво одлучување во конкретната ситуација, бидејќи во случајот работодавачот во рамките на своите овластувања постапувал согласно законот и истиот во рамките на дозволеното со КД предвидел поповлни услови за вработени со оддалеченост од 2км. Што во никој случај не значи дека со наведената одлука предизвикал нееднаков третман помеѓу вработените. Имено во конкретниот случај со пресметување на бруто платата работничката, не дошло до намалување на истата, ниту пак трпела промени како вработените опфатени со цитираната одлука.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1461/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право