- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 337.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 6, 2017
- Последна промена декември 30, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-96/17
(...) „Согласно со одредбите од Законот за работните односи (од член 236, заклучно до член 244 од ЗРО), само доколку постои Одлука за стапување во штрајк, доказ дека организаторот на штрајкот започнал штрајк пред завршување на постапка за помирување, организаторот на штрајкот или не го навел местото за одржување на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот, организаторот на штрајкот не ги почитувал законските одредби со кој се уредува легитимноста на штрајкот односно да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес на работниците кои не учестуваат во штрајкот. Покрај тоа, доколку нема донесено Правила за производно одржување и нужни работи спогодбено подготвени и донесени од Синдикатот-организаторот на штрајкот и работодавачот и не се определени работите кои нужно мора да се извршуваат, судот може да одлучува по предметните спорни прашања. Во конретниот случај, работодавачот не доставил одлука за стапување во штрајк потпишана од страна на 7-мо тужениот синдикат, ниту доставил докази во поткрепа на наводите дека штрајкот е организиран спротивно на одредбите од Законот за работни односи и одредбите на КД кај работодавачот. Па, произлегува дека организираниот штрајк е легитимен.”