- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 312.82 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2012
- Последна промена јануари 19, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-754/12
(...) „Според член 241 од Законот за работни односи предвидено е дека организаторот на штајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот. Во случајот неспорно е утврдено дека работникот бил учесник во штрајкот. При таква состојба работодавачот има обврска на работникот да му ја надомести штетата предизвикана поради незаконитиот престанок на работен однос само доколку организаторот на штрајкот на останатите вработени кои учествувале во штрајкот им исплатувал надоместок на плата и во висина на неплатениот надоместок на плата од страна на организаторот на штрајкот. Во случајот не е докажано и утврдено дека организаторот на штрајкот исплатувал надомест на плата на другите учесници во штрајкот, за да има право работникот да бара работодавачот да му го исплати тој износ.”