Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-979/13

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 296.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 30, 2013
  • Последна промена декември 30, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-979/13

(...) „Синдикатот го запознал работодавачот писмено со причините за започнувањето на штрајкот, го најавил штрајкот со писмен допис, со определување на ден, време и место на почеток на штрајкот. Синдикатот се обидел во постапка за мирење да ги надминат несогласувањата помеѓу работниците и работодавачот, а заради заштита на правата од работен однос на вработените, со што би се избегнало одржувањето на штрајкот, меѓутоа до мирење помеѓу странките не дошло, од кои причини и започнал штрајкот. Исто така синдикатот, доколку сметал дека се работи за незаконит штрајк, не превзел правни дејствија, а согласно член 242 од Законот за работни односи по судски пат да бара забрана за организирање на штрајк, а со тоа и надомест на штетата. Видно од доказите во текот на постапката,се утврдува дека со  организирањето и одржувањето на штрајкот не бил оневозможен или попречен работниот процес кај работодавачот, односно не била предизвикана материјална штета од поголем обем поради учество на определен број на работници во штрајкот. Од страна на работниците учесници во штрајк, не била извршена забрана на влез на работниците кои што не штрајкувале ниту пак на одговорни лица во деловните простории на работодавачот. Во оваа смисла, работодавачот во ниеден момент конкретно не навел кои последици ги трпел со незаконито одржување на штрајкот на работниците, каков застој и дали воопшто постоел застој на процесот на работа кој предизвикал голема материјална штета, не докажал дека во време на штрајкот не се одвивале оние работи за кои се овозможува обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно кои се неопходно потребни заради спречување заради загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи). Работодавачот  не докажал дека во време на траењето на штрајкот не се одвивале работи кои спаѓаат во претходно наведената категорија на производно одржувачки и нужни работи. Па, оттука неможе да се смета за неосновано тужбеното барање на работодавачот за нелегитимност за спроведен штрајк.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-931/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право