Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1465/19

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 283.86 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 21, 2020
  • Последна промена декември 30, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1465/19

(...) „Првостепениот суд оценил дека Одлуката е правилна и законита донесена согласно член 62 став 1 точка 5, член 63, член 81 став 1 точка 1 и 2 и член 88 став 2 од Законот за работни односи, поради тоа што, работникот сторил кршење на работниот ред и дисциплина согласно член 81 став 1 точка 1 и 2 од Законот за работни односи со отказен рок од 1 месец на начин што не ги извршувал работните обврски на работното место електричар, односно не го почитувал работниот ред и дисциплина според договорот за вработување и заедно со група на други работници спротивно на Законот за работни односи се обидувал да влијае врз работниците да биде организиран нелегитимен штрајк што штетно ќе се одрази врз работењето на работодавачот. Видно од содржината на одлуката се утврдува дека истата има образложение, односно во истата се наведени дејствијата со кои работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувал работниот ред и дисциплина, и е наведено кога и во кое време работникот со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар. Со други зборови, работодавачот дал поконкретен опис на околностите од кои произлегуваат причините да на работникот му престане работниот однос. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина ги содржи сите законски елементи, првостепениот суд нашол дека одлуката на работодавачот со која му е откажан договорот за вработување на работникот е во согласност со законот и дека истиот ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1359/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право