- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 407.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 8, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1162/09
„(...) тужителката користела боледување и доставила медицинска документација, меѓутоа истата не постапила согласно одредбите од член 81, став 1, точка 6 од ЗРО, односно не го известила работодавецот за нејзиното отсуство од работа во рок од 48 часа, а од доказите изведени во текот на постапката, првостепениот суд утврдил дека тужителката не извршила јавување за отсуството од работа на одговорното лице, туку контактирала со лицето С. Т. кој не бил нејзин работодавач, ниту пак овластено лице на кого таа имала обврска да му се јавува за отсуството од работа. Според тоа, одлуката за откажување на договорот за вработување број 03-641 од 24.11.2006 година е правилна и законита донесена согласно одредбите од ЗРО, а по претходно изготвен извештај на комисијата за попис на основните средства од кои е видно дека тужителката во деновите 04, 05, 06.10.2006 година не била на работното место, што значи дека тужителката неоправдано изостанала од работа три последователни денови со што ја повредила и прекршила работната дисциплина, не се придржувала кон упатствата, одлуките, заклучоците, не се придружувала на работното време и истата воопшто не одела на работа и не ги извршувала работните обврски кај тужениот.”