- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 402.16 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 4, 2016
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-861/15
„(...) од доказите изведени во текот на постапката не произлегува дека тужителот сторил злоупотреба на својата положба и овластување, имено дека оддал информација на ден 08.11.2013 година на лице К. Р. за кое била распишана потерница и попречил спроведување на судска наредба. (...) Видно од образложението на решението тужениот не утврдил со сигурност, кога точно и со кои дејствија тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар ниту во текот на постапката приложил докази ниту изнел факти, од кои ќе произлегува решавачкиот факт дека тужителот ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар, што значи дека тужениот постапил спротивно на чл. 72 и чл. 74 од ЗРО.
Ова дотолку повеќе што против тужителот била поднесена кривична пријава поради постоење на основно сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353, ст. 1 од КЗ на РМ поради кое основно сомнение е донесено и сега спорното решение за откажување на договорот за вработување, па како со Пресуда на Основниот суд Струга К.бр.45/14 од 25.03.2015 година, тужителот е ослободен од обвинението, произлегува дека тужениот постапил спротивно на ЗРО и КД и без да постои било каков доказ од кој што би произлегло дека тужителот постапил спротивно на правилата и прописите на тужениот како и дека ги злоупотребил или ги пречекорил дадените овластувања донел незаконито решение за отажување на договорот за вработување на тужителот.”