Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-563/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 479.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 15, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-563/13

„(...) одлуката за откажување на договорот за вработување со отказен рок бр.04-774/1 од 25.01.2012 година е донесена во согласност со чл. 74, 76, 79, 81, 85 и 86 од ЗРО, како и согласно чл. 125 од Колективниот договор на тужениот, а поради тоа што тужителот како работник на тужениот сторил повреда на работниот ред и дисциплина неисполнувајќи ги работните обврски, односно истиот извршил обид за замена на приклучен кабел на приватна куќа на ден 30.07.2011 година кој повреди тужителот ги извршил без работен налог од претпоставените и без заштитна опрема поради што истиот од непознати причини паднал и се здобил со повреди на главата. На вака донесената одлука за откажување на договорот за вработување претходела писмена изјава која тужителот ја дал на 02.02.2012 година, а врз основа на таа изјава бил изготвен записник со изјаснување на тужителот и неговиот колега за сторениот настан, а исто така бил изготвен и извештај од внатрешна ревизија заради утврдување на повредата на вработениот, односно сега тужителот, како и тужениот побарал мислење од Синдикалната организација кај тужениот. Оттука, произлегува дека тужениот постапката за донесување на оспорената одлука ја донел правилно во согласност со законот и актите на тужениот (...). Исто така, првостепениот суд по однос на приговорот за застареност правилно одлучил утврдувајќи дека не постои застареност, бидејќи во чл. 94, ст. 1 од ЗРО јасно е наведено дека отказ на договорот за вработување работодавачот може да му даде на работникот во рок од 3 месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за отказот (субјективен рок), односно во рок од 6 месеци од денот на настапување на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок), па имајќи предвид дека повредата на работниот ред и дисциплина е настаната на ден 30.07.2011 година, а одлуката за отказ е донесена на ден 25.01.2012 година, произлегува дека истата е донесена во законски предвидениот објективен рок од 6 месеци од сторувањето на повредата за која се товари тужителот.”

Претходно Пресуда на Основен суд Скопје РО бр.770/12 (потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-939/13)
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право