- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 328.03 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 24, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-316/14
„(...) за да се изрече престанок на работен однос потребно е да биде предизвикана штета на работодавачот што во конкретниот случај по наоѓање на овој суд е исполнет условот, бидејќи во услови кога тужителот поседувал фирма, а бил вработен кај тужениот, а во фирма којашто има иста дејност како и неговата сопствена фирма, ги користел прoсториите на тужениот и покрај тоа што истиот бил вработен таму, а поседувал и своја сопствена фирма кое нешто се потврдува од исказот на тужителот, ги користел и возилата на тужениот, ги наплаќал трошоците на својата фирма од фирмата на тужениот стои основот дека истиот намерно или од крајно невнимание предизвикал штета на работодавачот.
(...) по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека со ваквите дејствија на тужителот во услови кога тужителот е сопственик основач на фирма, а во исто време е вработен кај тужениот, а во фирма којашто има иста дејност како и неговата сопствена фирма, ги користи за своите потреби просториите и опрема на тужениот, ги наплаќа трошоците за својата фирма од фирмата на тужениот, воспоставил должничко-доверителски односи меѓу неговата фирма и фирмата на тужениот, постои и судир на интереси помеѓу фирмата на тужителот и фирмата на тужениот, поради што тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО.”