- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 446.14 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 1, 2017
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-311/16
„(...) тужителот со своите дејствија ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, односно дека тужителот како вработен кај тужениот на работно место лаборантски техничар ги пречекорил своите овластувања во вршење на работите на начин што закажувал интервенции, иако тоа не спаѓало во работните задачи да закажува интервенции, примил пари заради вршење влијание на составување на ранг листата за интервенции, или да уплатува партиципација за лекување, поради што сторил дисциплински престап согласно член 186 став 1, точка 1, 9 и 10 и став 2, алинеја 2 од Законот за здравствена заштита, кој предвидува дека дисциплински престап претставува неизвршување, или несовесно, ненавремено, непристојно или небрежно вршење на работите и работните задачи, примање или прифаќање на понуда да прими подарок, парична корист или каква било друга корист со цел да се препорача, препише или набави одреден лек, злоупотреба на статусот или пречекорување на овластувањата во вршење на работите. Оттука, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување.”