- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 287.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 25, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-808/13
„(...) во конкретниот случај постои повреда од страна на тужителот заради недоаѓање последователно на работа од 3 дена и по барање на претпоставениот не доставил боледување иако тужителот има законска обврска кога е на боледување да достави писмен доказ на работодавачот.
Во конкретниот случај се работи за откажување на договорот за вработување поради неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена. Тужениот донел одлука за откажување на договорот за вработување затоа што тужителот во периодот од 01.07. до 05.07.2010 година и од 28.07.2010 година до 31.07.2010 година не се јавил на работа и своето отсуство не го оправдал. (...) тужителот доставил до тужениот Извештај за привремена спреченост за работа издаден од д-р М. М., доктор по општа медицина, со која потврдил дека бил спречен да се јави на работа поради болест, но за период од 16.06.2010 година до 30.06.2010 година, додека за спорниот период тужителот не доставил доказ дека истиот бил спречен за работа заради болест. Дека истиот неоправдано изостанувал од работа, односно дека истиот не се јавил на работа и своето отсуство не го оправдал се утврдува и од исказот на сведокот Г. Б. кој ја водел дневната работна листа и на кој како непосредно претпоставен тужителот бил должен да се јави дека ќе биде спречен за работа и да достави докази за своето отсуство, како и од прегледите на работни листи.
(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот неоправдано изостанувал од работа три последователни дена, дека тужениот правилно постапил кога ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување, и одлучил да го одбие како неосновано тужбеното барање на тужителот.”