- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 361.08 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 14, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1921/11
„Имено, во жалбата на тужителот се укажува дека првостепениот суд неправилно ја утврдил фактичката состојба и при тоа сторил повреда на одредбите од чл. 72 и чл. 73 од ЗРО, а ова од причина што согласно овие законски одредби работодавачот освен обврската да го наведе основот за отказ ја има и обврската да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот, како и пред откажување на договорот за вработување поради вина на работникот мора писмено да го предупреди работникот за неисполнување на обврските и можноста на отказ во случај на понатамошни кршења на истите, кое нешто првостепениот суд не го зел предвид, односно не го утврдил тој факт не изведувајќи ги предложените докази дека тужениот спротивно на овие законски одредби не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот, како и тоа дека тужениот сторил повреди на одредбите од ЗРО.
(...) Со оглед на (...) фактот дека тужителот во повеќе наврати усно бил предупредуван за своето однесување од страна на претпоставениот менаџер, а во критичниот период во повеќе наврати се обидувал од вработените во погонот да земе суровини за свои лични потреби, правилно првостепениот суд утврдил дека однесувањето на тужителот е неприфатливо и груба повреда на работниот ред и дисциплина, а тужениот правилно констатирал повреда, поради што донел правилна и на закон заснована одлука за откажување на договорот за вработување, поради што и го одбил тужбеното барање на тужителот.”