Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-325/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 408.50 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 8, 2017
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-325/16

„Имено, на тужителката врз основа на решение Н.бр.04-1/385 од 10.07.2014 година ѝ било одобрено користење на втор дел од годишен одмор за 2014 година во периодот од 26.08.2014 година до 26.09.2014 година, а на работа требало да се врати на 29.09.2014 година.

(...) тужителката за време на годишниот одмор заминала во Норвешка за работа и согласно усното договарање со претпоставените и колегите очекувала дека после завршувањето на годишниот одмор ќе ѝ биде одобрено поднесеното барање за неплатено отсуство и покрај тоа што знаела дека не било одлучено во врска со нејзиното барање за неплатено отсуство од работа, како и дека дополнително, ќе биде предмет на разгледување. Со решение Н.бр.04-1474/2 од 15.09.2014 година, поради потребата од непречено функционирање на работниот процес било одбиено барањето на тужителката за користење на неплатено отсуство во периодот од 29.09.2014 година до 26.12.2014 година. Тужителката во периодот кога било разгледано барањето била запозната дека не ѝ е одобрено барањето за неплатено отсуство од работа, но не можела да организира враќање од Норвешка и по завршувањето на годишниот одмор не се вратила на работа на 29.09.2014 година.

(...) во услови кога тужителката пред да замине во странство немала писмена одлука за одобрение на неплатено отсуство и на истата ѝ било познато дека доколку отсуствува од работното место во текот на три последователни работни дена, ќе се смета дека е неоправдано отсутна и како последица на тоа настапува престанок на работниот однос, правилно првостепениот суд прифатил дека во конкретниот случај во согласност со законот на тужителката ѝ престанал работниот однос поради неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, па со оглед на тоа настапило откажување на договорот за вработување без отказен рок.

Имено, согласно со законските одредби од ЗРО, работникот може да замине на неплатено отсуство од работа, меѓутоа само ако тоа писмено е одобрено врз основа на донесена одлука, односно усното договарање за евентуално одобрување на неплатено отсуство од работа после завршување на годишниот одмор, како во конкретниот случај не претставува основ за одобрено неплатено отсуство од работа, па тужителката не требала да прифати и да очекува дека може да отсуствува од работа под претпоставка дека ќе ѝ биде одобрено неплатено отсуство од работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-557/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право