Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-769/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 437.48 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 23, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-769/16

„(...) согласно чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, КД, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот.

(...) тужителот со пресуда 7.К-1929/13 од 22.11.2013 година бил ослободен од обвинение, бидејќи не било докажано дека го сторил делото за кое се терети.

По наоѓање на овој суд, вака донесената одлука за откажување на договорот за вработување без отказен рок бр. (...) од 12.06.2013 година е незаконита и спротивна на чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО и чл. 3.5.3 од Дисциплинскиот правилник, како и спротивна на чл. 71, чл. 72 и чл. 85 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1299/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право