- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 297.76 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 19, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1096/11
„(...) Што се однесува пак на наводите на тужителката дека решението донесено од страна на тужениот е преригорозно и истото можело да се замени со парична казна правилно првостепениот суд утврдил дека ваквите наводи се неосновани од причина што факт е дека тужителката сторила повреди при вршењето на работните обврски и иако се работи за кражба со која се нанесува незначително мала штета, сепак тоа е кражба и тужениот претрпел штета, а самиот чин претставува несоодветно и недолично однесување. Имено, во случајот правилно првостепениот суд утврдил дека суштествено е однесувањето на тужителката на работното место, а со таквото однесување тужителката сторила повреда на својата работна обврска, па токму од тие причини тужениот согласно чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО го раскинал договорот за вработување со тужителката без отказен рок.”