- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 349.50 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 20, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1910/09
„Според мислењето на Апелациониот суд, точно е дека тужителот го известил тужениот по телефон дека не може да дојде на работа поради настанот во с. Радуша и дека отсуството ќе го оправда со боледување и врз основа на ова јавување тужениот отсуството од работа го водел како да тужителот е на боледување. Боледувањето е за период од 13.8. до 27.8.2008 година.
Меѓутоа, што се однесува до третата причина и основна причина за отказот, а тоа е повредата од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО и чл. 69, ст. 1, т. 1 од Колективниот договор на тужениот, овој суд смета дека тужителот не докажал дека за деновите 28 и 29.8.2008 година и 1.9.2008 година има оправдано отсуство од работа, ниту пак можат да се прифатат неговите тврдења дека објективно бил спречен да излезе од селото и да доаѓа на работа или да оди на лекарска комисија за да го продолжи боледувањето.
Се работи за отсуство од работа поради боледување. Тужителот се јавил на работа дека ќе отсуствува поради боледување, меѓутоа боледување не доставил. Побарал и двомесечно неплатено отсуство од работа поради здравствени лични потреби и да го покрие целиот период од 28.8. до 28.10.2008 година, меѓутоа ова барање не му било удоволено. Според изјавата на сведокот А. А. тужителот му се јавил дека поради специфичната ситуација се плашел да излезе од селото, бил под стрес и дека отсуството ќе го оправда со боледување. Меѓутоа, ова е негово лично сфаќање дека се плаши да излезе од селото и дека бил под стрес. Меѓутоа, деновите за кои му е даден отказот тужителот не ги покрил со боледување, ниту на друг начин докажал дека е оправдано отсутен од работа, односно тврдењето на тужителот дека селото било блокирано од непознати вооружени лица и поради тоа не можел да излезе од селото е недокажано со други факти. Тоа што тужителот го изјавувал тоа е негово тужбено барање, меѓутоа истото треба да го докаже со други докази. Во изјавата на тужителот стои дека дошол на лекар и дека му било отворено боледување, а после тоа на 27.8.2008 година пак дошол на лекар за да го подигне боледувањето. Се работи за подолг период, настанот се случил на 3.7.2008 година, осумничените лица биле притворени и тоа нема никаква врска со стравот на тужителот да оди на работа или пак дека на него нешто ќе му се случи од страна на непознатите лица без да се обиде да побара помош и заштита од органите на Државата или пак да докаже да постоела сериозна опасност по неговото здравје и живот.
Од наведените причини, овој суд смета дека законито е решението на тужениот за отказ на договорот за вработување според чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО и чл. 69, ст. 1, т. 1 од КД на тужениот, поради што првостепената пресуда се преиначи и тужбеното барање на тужителот се одби како неосновано, согласно чл. 361, ст. 1, т. 3 од ЗПП, затоа што првостепениот суд донел погрешен заклучок врз основа на исказите на тужителот и сведокот А. А. за постоење на оправдано отсуство. Првостепениот суд го употребува терминот и друга обемна документација, меѓутоа ниту се кажува која документација и кои факти ги утврдил од таа документација, така да оваа причина е неоснована.”