Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1857/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 312.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 28, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1857/12

„(...) Одлуката за откажување на договорот за вработување бр.04-337 од 01.09.2011 година е правилна, законита и донесена согласно чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, а поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со Закон без отказен рок. (...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот во врска со работата намерно предизвикал штета на тужениот на начин што ја злоупотребил службената должност и ги злоупотребил и пречекорил дадените овластувања во врска со набавките на делови и материјали за потребите на тужениот, односно вршени се набавки без тендер на големи суми пари, а набавените делови и материјали се со цени многу повисоки од реалните и вршел непотребни набавки на средства и материјали. Во конкретниот случај, предмет на тужбеното барање е поништување на одлука за отказ на договорот за вработување, а не утврдување на висината на материјалната штета што му е предизвикана на тужениот што значи дека доколку работникот во врска со работата стори кршење на работниот ред и дисциплина на начин што намерно или од крајно невнимание ќе предизвика штета на работодавачот заради која може да му се даде отказ, работодавачот нема обврска да ја утврдува и висината на штетата при донесување на Одлуката за откажување на договорот за вработување, туку доволно е тоа што ќе утврди само постоење на штета, а потоа во судска постапка (како оштетен во кривична или парнична постапка) ќе се утврдува фактот дали е сторена штета и нејзиниот обем.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-989/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право