Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-285/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 338.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 31, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-285/10

„Неоснован е жалбениот навод на тужителката дека не го злоупотребила боледувањето и дека критичниот ден не постапувала во својство на службено лице, туку како граѓанин – странка, дека во предметниот налог не е ставен печат, не е внесен износот кој требало да се реализира, а немало ниту потпис на местото означено како примач, па оттаму тој налог нема својство на исправа, бидејќи е со непотполна содржина. Ова од причина што неспорно е дека во моментот на преземање на предметното дејствие, односно предавање на налогот за наплата во банката, тужителката користела боледување и дека тужителката била вработена кај тужениот, па со оглед дека била вработена кај тужениот, налогот ѝ го дала на сведокот Ѓ. од внатрешната страна на шалтерот, а не преку шалтерот како странка, кое нешто се потврдува од исказот на сведокот Ѓ., при што тужителката не ѝ кажала на сведокот Ѓ. дека таа го потпишала налогот, кое нешто пак се утврдува и од исказот на тужителката. Наводите дека на налогот нема печат и потпис на примачот, па со тоа истиот нема својство на исправа се неосновани и не упатуваат на заклучокот дека тужителката не сторила повреда на работниот ред и дисциплина, бидејќи неспорно е дека тужителката на налогот се потпишала со потпис како нејзиниот сопруг, а налогот нема потпис на примачот и печат, од причина што сведокот Ѓ. откако приметила дека налогот е неисправен поради несовпаѓање на потписот на сопругот на тужителката, налогот не го реализирала и го скинала. Поради наведеното, видно од одлуката за откажување на договорот за вработување, на тужителката ѝ престанал работниот однос поради кршење на работниот ред и дисциплина согласно чл. 21, ст. 1, алинеја 1 и чл. 23, ст. 1, алинеја 2 и 8 од КД на С. б. АД Скопје, односно од причина што не ги почитувала работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на Банката, го злоупотребила боледувањето и фалсификувала исправи, со што ја сторила повредата од чл. 82, ст. 1, т. 2 од ЗРО, која ѝ се става на товар со оспорената одлука. Освен тоа, доволно е сторување и само на една повреда за да може да се изрече престанок на работниот однос. Имајќи го предвид наведеното, и по оценка на овој суд правилно постапил првостепениот суд кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката и одлучил на начин како во изреката на обжалената пресуда. Ова дотолку повеќе што тужителката како вработена во банката, добро ги познавала начинот и правилата на работење, но и покрај тоа постапила спротивно на прописите на банката иако била свесна дека не е овластен потписник на сметката на фирмата на нејзиниот сопруг. Исто така, не може да стане збор ниту дека се работи за дејствие на тужителката, кое истата не го презела како вработена во банката, туку како граѓанин странка, од причина што истата токму како вработена во банката се обидела да реализира неисправен налог на кој се потпишала таа, со потписот на нејзиниот сопруг, сметајќи на довербата на нејзините колеги, односно постапила спротивно на правилата на банката, а кое нешто истата не го оспорила ниту во својот исказ даден на записник пред судот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.434/2010
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право