- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 309.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 30, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-944/13
„(...) критичниот ден, петок, тужителот имал слободен ден согласно интерната организација на работата во рубриката. Тој ден во просториите кај тужениот, тужителот отишол околу пладне за да присуствува на состанокот на вработените со преставниците на кадровската служба, што значи дека тој ден немал никакви лични задачи за обработка на одредена тема и изготвување статија, ниту пак одбил да ја извршува конретната задача, ниту пак претходно организирал и поттикнал прекин на работниот процес. Прекинот во работата настанал иницијативно сосема спонтано како знак на револт поради ситуацијата која веќе долг период тензично егзистирала кај тужениот. Тужителот ниту бил организатор, ниту бил поттикнувач за прекин на работниот процес, ниту пак вршел било каков притисок на главниот уредник и останатите вработени да не работат, ниту пак со наводно непријателско, понижувачко и навредливо однесување кон претпоставениот и колегите поттикнал насилничко и недемократско однесување, со што предизвикал штета на тужениот како работодавач. Имајќи го предвид наведеното, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот при донесување на Одлуката за престанок на работниот однос на тужителот не навел основ за отказ утврден со закон и не ја докажал основаноста на причините кои го оправдуваат отказот на договорот за вработување на тужителот.”