Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-541/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 660.39 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 27, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-541/14

„(...) Точно е дека не може да се донесе одлука за откажување на договор за вработување без отказен рок поради покренување на кривичната постапка бидејќи тоа претставува основ за донесување на одлука за отстранување на работник од работа, меѓутоа во предметната одлука за отказ не е наведен само овој основ за откажување на договор за вработување без отказен рок на тужителот. Имено, на тужителот со оспорената одлука му се става на товар и психичкото малтретирање што како повреда е предвидена во чл. 43 од Статутот на тужениот и во чл. 51 од Законот за средно образование. Видно од одлуката, истата по овој основ содржи образложни причини и точно е наведено во што се состои психичкото малтретирање. (...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот на повеќе пати се однесувал спротивно на одредбата од Законот за средно образование и психички матретирал ученици што е спротивно на член 51 од истиот Закон, поради што правилно утврдил дека ја сторил наведената повреда психичко малтретирање која му се става на товар со оспорената одлука за отказ. Доволно е сторување на една повреда за која се терети тужителот за да се прифати дека одлуката за откажување на договор за вработување е правилна и законита, како што е всушност предмет во конкретниот случај.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1406/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право