Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-803/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 527.23 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 12, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-803/13

„(...) Бидејќи не е утврдено ниту времето, ниту местото, ниту начинот на сторување на кражба и во врска со работата предизвикана штета на работодавачот, како и тоа за каква и колкава штета се работи изразена во паричен износ, правилно нашол првостепениот суд дека во случајот не е докажано дека навистина тужителот ја сторил наведената повреда на одредбите од Законот за работни односи, односно дека сторил кражба и дека предизвикал штета на работодавачот. Во случајот била покрената и кривична постапка против поголема група на работници, меѓутоа исход од таа постапка се уште нема.

Жалбениот навод на тужениот дека кривичната постапка не ја исклучува дисциплинската одговорност е неоснован. Точно е дека кривичната постапка не ја исклучува дисциплинската одговорност, меѓутоа во случајот тужбеното барање не е усвоено само заради тоа што кривичната постапка се уште не е окончана, туку не е докажано дека тужителот сторил кражба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-666/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право