- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 323.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 18, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1481/09
„(...) со оспореното решение на тужителот му престанал на работниот однос поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски, меѓутоа и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека во истото не е содржан детален опис во што точно се состои повредата што му се става на товар. Во конкретниот случај тужениот при донесување на оваа одлука постапил спротивно на чл. 72 од ЗРО каде е наведено дека ако работодавачот го откажува договорот за вработување е должен да го наведе основот за отказот утврден со закон, КД и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причините која го оправдува отказот, како и спротивно на чл. 74 од ЗРО според кој работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.
(...) тужениот во текот на постапката со ништо не докажал дека тужителот ги сторил повредите предвидени во чл. 81, ст. 1, 2 и 4 од ЗРО. Со тоа правилно постапил првостепениот суд кога со обжалената пресуда го усвоил тужбеното барање на тужителот, го поништил како незаконито решението за престанок на работниот однос број 04-204 од 20.10.2008 година и го задолжил тужениот да го врати на работа тужителот на работно место соодветно на неговата стручна подготовка.”