- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 303.21 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 12, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-961/13
„(...) тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина на начин што на образецот за требуван материјал донесен од определен работник за да подигне потребен канцелариски материјал точно определен и специфициран во образецот тужителот своеволно правел корекции во смисла на промени и преправање на испишани броеви пред или на крајот на бројот за количината на материјалот, потполнувал оставени празни полиња за количината на материјалот, што пак доведувало да се појават разлики во примероците од обрасците за требување, како и кога констатирал залихи на канцелариски материјал како вишок неевидентиран, што сето претставувало неправилност, односно неисправност во реализација на постапката за требување на канцелариски материјал. Имено, од графолошкото вештачење на потписите од требувањата кои биле предложени од страна на тужениот, изработено од вештото лице М. ДООЕЛ Скопје, од октомври 2012 година, правилно судот утврдил дека од испитувањата и споредувањата на спорните и неспорните скратени потписи и ракописи, скратените спорни потписи ставени на спорните требувања од тужителот и неспорните скратени потписи и ракописи од 240 спорни требувања, на 85 требувања, спорните скратени потписи се автентични скратени потписи со неспорните скратени потписи на тужителот. Наводите на тужителот дека со него заедно работело и друго лице со исти задолженија, а за кое не е утврдена одговорност, не влијае во случајот и не го ослободува тужителот од одговорноста за сторените повреди на работната дисциплина бидејќи од финансиско-економски вештачења, како и со графолошко вештачење се утврди дека тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина, поради што правилно тужениот му го откажал договорот за вработување.”