- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 336.83 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 15, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-882/10
„(...) Жалбениот навод дека на тужителката не ѝ била дадена можност да присуствува на седницата на Управниот одбор при одлучувањето по приговорот и да ги наведе своите аргументи и докази по оценка на овој суд се неосновани и не се од влијание на законитоста на постапката за одлучување по приговорот кај тужениот, дотолку повеќе што во одредбите од Колективниот договор на тужениот, кои ја регулираат постапката за откажување на договорот за вработување со отказ, не е предвидено повикување на работникот при одлучување по приговорот, а во чл. 162 од Колективниот договор на банката е предвидено дека Управниот одбор донесува одлука по приговорот во рок од 8 дена од поднесувањето приговор, без одржување на расправа.
(...) тужителката ги сторила повредите предвидени во погоре наведените одредби на ЗРО и Колективниот договор на банката, на начин што вршела трансакции на пренос на парични средства од штедни книшки на клиенти на банката, на сопствена штедна книшка од каде потоа ги подигала паричните средства, без при тоа да поседува полномошно, односно овластување од лицата сопственици на штедните влогови и дека паричните средства незаконито ги повлекувала од штедните книшки, со кои дејствија, кои впрочем не ги оспорува ниту тужителката, истата сторила повреди на работниот ред и дисциплина и прекршувањето на интерните акти за работа, кои претставуваат основ за откажување на договорот за вработување.”