Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-936/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 397.07 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 17, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-936/10

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека што се однесува до одговорноста на тужителот за сторената кражба и неговата вина истото ќе биде утврдено во кривична постапка, а од изведените докази во конкретната постапка правилно првостепениот суд со сигурност утврдил дека тужителот му понудил на сведокот Б. Н. да изведат гориво од локомотивата кое нешто упатува на фактот дека тужителот бил организитор и директен учесник во кражбата, па со оглед на тоа условите од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО за отказ без отказен рок биле исполнети. Исто така, по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека доколку се утврди во кривичната постапка дека тужителот не бил виновен за кражбата, сепак тој е одговорен затоа што со крајно невнимание предизвикал штета на работодавачот на начин што дозволил во времето кога тој бил одговорен на станицата да се изврши кражбата така што не се придржувал кон прописите за заштита од пожар и дошло до загрозување на безбедноста на железничкиот сообраќај и на станицата, па од тие причини биле исполнети и условите од чл. 82, ст. 1, т. 3 од ЗРО. Правилно првостепениот суд утврдил и дека тужениот во спроведената постапка правилно и целосно ги утврдил и останатите повреди на работните обврски на тужителот коишто биле наведени во фактичката состојба, а се однесуваат на неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работните обврски, непочитување на правилата и непридржување на прописите што важат за вршење на работата на работното место.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-692/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право