Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1442/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 740.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 11, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1442/14

„(...) во услови кога во моментот на извршување на инспекциски надзор тужителот вработен во ЈЗУ Стоматолошки Клинички Центар, бил присутен во приватна здравствена ординација и работел во картотека, и на критичниот ден го прегледал тајниот пациент, а кое нешто е потврдено од страна на носителот на дејноста д-р М. Ј., сопруга на тужителот, кое лице во себе имало ливче хартија на кое било напишано името на докторот и неговиот телефонски број, а тужителот во текот на постапката не доставил доказ дека поседува Решение за вршење на дополнителна дејност, ниту пак вршењето на дополнителна дејност било уредено со Договорот, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, односно истиот постапил спротивно на Законот за здравствена заштита на начин што извршил дополнителна дејност и дека тужениот имал законски основ за донесување на спорното решение. (...)

Во однос на жалбениот навод на тужителот во кој наведува дека првостепениот суд не земал предвид дека тужениот требал да води дисциплинска постапка во која ќе ја утврди одговорноста на тужителот, односно ќе се утврди на кој начин и во која мера тужителот ја прекршил работната дисциплина со давање на дополнителна дејност со што не му била дадена можноста на тужителот да се изјасни за наводите на отказот што е спротивно на општите начела за работниот однос, овој суд го ценеше и истиот го оцени за неоснован. Ова од причина што, во конкретниот случај не се работи за откажување на договор за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина поради невршење на работните задачи од работно место за кое има склучено договор за вработување, туку станува збор за откажување на договор за вработување поради повреда на закон, односно поради вршење на дополнителна дејност без договор што претставува повреда на одредбите од Законот за здравствена заштита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-516/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право