- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 333.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 23, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1211/13
„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина. Тужениот донел решение за престанок на работниот однос бр.159/11 од 03.08.2011 година со која ѝ го откажал договорот за вработување на тужителката врз основа на чл. 82, ст. 1 од ЗРО поради кршење на работниот ред и дисциплина, односно поради ненавремено доаѓање и заминување од работното место, отуѓување на материјално-финансиски средства за што била покрената истражна постапка пред надлежните органи во МВР, неодговорен однос кон доверениот имот и средствата за работа. Видно од содржината на одлуката се утврдува дека истата нема образложение, односно во истата не се наведени дејствијата со кои тужителката сторила повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин ги сторила истите, ниту пак е наведено кога и во кое време тужителката со своите дејствија ја сторила повредата која ѝ се става на товар. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не ги содржи сите законски елементи правилно првостепениот суд нашол дека одлуката на тужениот со која ѝ е откажан договорот за вработување на тужителката не е во согласност со законот и дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување. (...)
(...) тужителката поднела навремен приговор со препорачана пратка, што значи oстварила претходна заштита согласно чл. 181 од ЗРО, а тоа што од непознати причини овој приговор е вратен и не бил примен од страна на тужениот со забелешка „непознат”, а на истата адреса се примени барањата за исплата на плати и придонеси, не може да се смета дека тужителката не ја остварила примарната заштита кај тужениот.”