- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 368.55 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 14, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-873/09
„Имено, согласно член 134 139 од КД на тужениот, решенија за престанок на работниот однос со отказ од страна на Министерот во случаите од член 129 и 130 од овој договор донесува Министерот по предлог на Комисијата. Решението за престанок на рабонтиот однос е во писмена форма со образложение за причините за давање на отказ. Решение за престанок на работниот однос на работникот Министерот е должен да донесе за 3 месеци од денот на пријавувањето на повредата на работната дисциплина, работниот ред, неисполнување на обврските и поради неспособност на извршување на работните задачи и за сторителот, а најкасно во рок од 6 месеци, од денот кога е сторена повредата. Како ден на пријавување се смета денот на поднесувањето на предлогот за кршење на работна дисциплина од овластен подносител. Во конкретниот случај предлогот за покренување на постапка за утврдување на одговорност против тужителот е поднесен на 22.02.2008 година, а на 21.03.2008 година донесено е решение за отказ на договорот за вработување на тужителот во рокот предвиден со КД на тужениот, па и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека истото е донесено во согласност на КД на тужениот. (...)
Во конкретниот случај тужителот со своето однесување го нарушил својот углед и угледот на Министерството за внатрешни работи, се однесувал спротивно на правилата за однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во МВР, сторил кривично дело коешто согласно Законот за внатрешни работи е пречка за склучување на договорот за вработување, бидејќи наместо да спречи да биде извршено кривично дело, тој самиот презел дејствија на соизвршител при извршување на кривично дело. Воедно, со самото тоа што тужителот е корисник на наркотични средства и извршил кривично дело истиот не ужива углед да биде припадник на Министерството за внатрешни работи, па и по оценка на овој суд во законито спроведена постапка согласно Законот за работни односи и Правилникот за начинот за вршење на полициските работи, правилно му престанал работниот однос на тужителот.”