Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1276/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 289.54 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 16, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1276/11

„(...) правилно првостепениот суд го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот и одлучил на наведениот начин, а како во изреката на обжалената пресуда постапувајќи согласно со чл. 79, чл. 80 и чл. 81, ст. 1, т. 1 и т. 2 од ЗРО. Во конкретниот случај тужениот како работодавач постапил согласно со законските одредби кога ја донел одлуката бр.59/10 од 20.10.2010 година со која му бил откажан договорот за вработување со отказен рок од три месеци бидејќи тужителката во текот на 2008, 2009 и 2010 година нестручно и несовесно ги извршувала работните задачи на начин извршила погрешна заверка на упати, рецепти со погрешни податоци без датум, неуредно водење на работниот дневник, со шкртаници расипани дамки од мастило, запишани терапии на погрешни пациенти, оставање незавршени работи, контактирање со пациенти без присусутво на лекар и влијаење во терапијата која му е препишана, недоследност во чувањето на ампуларната терапија и при наплата на партиципација, за што тужителката видно од списите во предметот била предупредена дека доколку продолжи со несовесното извршување на работните задачи и со кршење на работната дисциплина ќе ѝ биде откажен договорот за вработување кои истите уредно ги примила на домашна адреса, па како истата продолжила со несовесното извршување на работните задачи и била пријавувана од страна на пацинети кои се лекувале кај тужениот, кои пред судот во својство на сведоци во текот на постапката потврдиле дека приложените писмени изјави се нивни за недоследностите во работењето на тужителката поради што по наоѓање на овој суд основано првостепениот суд го одбил како неосновано тужбенотот барање на тужителката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1474/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право