- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 309.31 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 1, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1411/11
„(...) Против сите 5 – пет души кои учествувале во кражбата меѓу кои бил и тужителот била поднесена кривична пријава и од страна на Основниот суд Скопје I Скопје била донесена кривичната пресуда К.бр.2527/09 од 29.10.2010 година со која биле ослободени од обвинение дека сториле кривично дело Затајување, но оваа кривична пресуда се уште не е правосилна. Исто така и на учесниците во овој настан (...) им престанал работниот однос и нивното тужбено барање за поништување на решенијата за отказ на договорот за вработување им било одбиено како неосновано, а од страна на Апелациониот суд Скопје со пресуда РОЖ.бр.854/10 од 15.09.2010 година нивните жалби се одбиени како неосновани.
(...) првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот, односно нашол дека тужителот со своите дејствија сторил кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски утврдени во чл. 81, ст. 1, т. 1, 2, 3, 4, 7, 8 и 9 и чл. 82, ст. 1, т. 3 и 5 од ЗРО и точките 1, 2, 3, 4, 5, 10, 11, 12, 14, 16, 22, 23, 24, 25, 26, 29 и 38 од Правилникот за работниот ред и дисциплина на тужениот.
Жалбениот навод дека е донесена ослободителна кривична пресуда, не е од влијание за одлучувањето на тужителот за сторените повреди од работниот однос. Кривичната одлука за сторено кривично дело Затајување е друго и посебно одлучување во однос на дисциплинската одговорност и за повредите на работниот ред и дисциплина и правата за работниот ред и дисциплина утврдени од тужениот. Впрочем, кривичната пресуда и не е правосилна.”