Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-26/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 341.13 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 23, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-26/13

„(...) по наоѓање на овој суд, основано во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужителот ги вратил парите кои му биле предадени на ден 07.03.2008 година во износ од 2.500,00 денари на име извршена услуга за фирмата О. без при тоа да се изведе било каков писмен доказ, освен исказот на тужителот дека истиот парите ги вратил на плаќачот, а како доказ од страна на тужителот била приложена потврдата од О. издадена на 23.02.2009 година по истекот на една година. Исто така, овој суд при одлучувањето ја имаше предвид и изјавата на тужителот од 15.04.2008 година во која истиот изјавил дека примил готовина од 2.500,00 денари од возачот Р. М. на име извршена услуга (превоз) од фирмата О., како и тоа дека наведениот износ ќе го уплати на жиро- сметката на О. Б. ДООЕЛ. Меѓутоа, првостепениот суд не го зел во вид фактот кога и на кој начин тужителот ги вратил парите и зошто истите не ги уплатил во банка.

(...) овој суд наоѓа дека тужениот правилно и во согласност со одредбите од чл. 81, ст. 1, т. 2 и 11 од Законот за работните односи за сторената повреда на работните обврски на тужителот му изрекол престанок на работниот однос, од што произлегува дека одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок е правилна и законита (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1738/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право