Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1341/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 288.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 14, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1341/12

„Во жалбата тужениот наведува дека првостепениот суд пропуштил да утврди дека истите докази кои се изведени во кривичната постапка во која тужителот бил ослободен од обвинение можат да се разгледат и ценат во дисциплинската постапка, како и тоа дека дисциплинската постапка и кривичната постапка се две одделни постапки и доколку се искучи одговорноста во едната постапка не значи дека се искучува одговорноста во другата постапка бидејќи имаат различни објекти на заштита, дека кај дисциплинската постапка објект на заштита е редот и дисциплина во извршување на работните обврски, а во кривичната постапка се утврдува кривичната одговорност.

Овој суд го ценеше истакнатите жалбени наводи, но ги најде за неосновани од следниве причини:

Во кривичната постапка тужителот е ослободен од обвинение кое претставува основ за донесување на решението за отказ, односно донесеното решение со кое му престанал работниот однос на тужителот е донесно само поради причини поради кое е донесено решението за спроведување на истрага што значи дека се работи за исто дејство за кое во кривичната постапка тужителот бил ослободен од обвинение поради недокажаност дека тужителот го сторил кривичното дело за кое се обвинува.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-545/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право