Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-671/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 548.09 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 22, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-671/14

„(...) со оспореното решение за отказ на договорот за вработување на тужителот му се става на товар повреда на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правилата и прописите на Царинската управа, актот за систематизација на работните места во Царинската управа и договорот за вработување по чл. 73-а, ст. 1, ал. 1, 14 и 23 од Законот за Царинска управа со постапување спротивно на чл. 2, ал. 4 од Кодексот на однесување на царинските службеници, спротивно на чл. 58, ст. 1, т. 5 од Законот за Царинската управа и т. 17, ал. 1 од Правилата за ред и дисциплина во Царинската управа, на начин што пропуштил патничко возило и дозволил да биде пуштена стока во слободен промет којашто била наменета за негова лична употреба, со што го искористил статусот на царински службеник за задоволување на сопствените материјални и лични интереси и при извршувањето на работната задача дозволил да се раководи од лични интереси и да користи привилегии при исполнувањето на своите обврски и не преземал дејствие да не постапува при контролата на возилото во кое се наоѓала стоката за негова лична употреба.

Меѓутоа, видно од списите во предметот тужениот не докажал дека предметниот велосипед подлежи на царина, односно дека тужителот пуштајќи го во слободен промет предметниот велосипед, за кој не било спорно дека бил наменет за негова лична употреба, постапил спротивно на одредбите од чл. 132, ст. 1, т.а од Уредба за спроведување на Царинскиот закон и чл. 7, ст. 1 од Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки. Имено, имајќи го предвид товарот на докажување, во конкретниот случај тужениот требал да докаже дали вредноста на предметниот половен велосипед го надминува законски пропишаниот лимит од 350 евра согласно горенаведената Уредба, со цел да се утврди дали истиот подлежи на користење на поволност за ослободување од плаќање на увозни давачки или не. Од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителот пропуштил половен велосипед кој бил наменет за негова лична употреба, кој не бил од комерцијална природа и која не подлежи на царина, односно за кој била предвидена повластица за било кој граѓанин на РМ, па со тоа и за тужителот. Оттука, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека во дејствијата на тужителот не се содржани елементи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правилата и прописите на Царинската управа, актот за систематизација на работните места во Царинската управа и договорот за вработување, поради што правилно судот постапил кога го поништил како незаконито решението за отказ на договорот за вработување задолжувајќи го тужениот да го врати тужителот на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.177/2014
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право