Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-978/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 357.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 6, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-978/13

„(...) имајќи ја предвид одредбата од чл. 149, ст. 3 од Законот за внатрешни работи, настапила застареност за донесување на решение за отказ бидејќи е изминат законски предвидениот објективен рок од шест месеци од денот кога била сторена повредата, а во кој рок работодавачот бил должен да донесе одлука. Имено, со оспореното решение на тужителот му се става на товар неоправдано отсуство од работа три последователни дена и тоа во деновите 12, 13 и 14.10.2012 година и 25.10.2011 година, како и во периодот од 19.12.2011 до 26.12.2011 година. Како ден кога е сторена повредата се зема последното отсуство на ден 26.12.2011 година, па со оглед на наведеното како тужениот оспореното решение го донел на 30.7.2012 година произлегува дека изминал законскиот објективен рок од 6 месеци од денот кога е сторена повредата.

По однос на прекинот на застaреноста во однос на роковите во кои треба да биде донесено новото решение од страна на тужениот, по оценка на овој суд во постапувањето и одлучувањето на ниво на работодавач постои правен континуитет, па тужениот и покрај тоа што се работи за повторно постапување, морал да ги запази роковите и да донесе одлука најдоцна во објективниот рок од 6 месеци сметано од сторувањето на повредата. Како тоа тужениот не го сторил, во конкретниот случај настапила застареност за донесување на оспореното решение.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-944/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право