Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-391/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 501.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 9, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-391/14

„(...) во конкретниот случај постои основана причина за отказ бидејќи тужителот ја прекршил работната дисциплина и постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството и извршил дејствие што преставува кривично дело, по чл. 207, ст. 1, т. 8 и 15 од КД на МВР, а в.в. со чл. 141, ст. 1, т. 8 и 15 од Законот за внатрешни работи на начин што на ден 30.03.2012 година, околу 14:00 часот, во ПС за ГП Аеродром Скопје, од страна на сменоводителот, сите полициски службеници биле запознаени со содржината на телеграмата бр.1376 со која се известени дека од страна на Одделот за недозволена трговија со дрога се трага по македонските државјани И. Б., Ф. Б., А. М., П. М., С. Р. и Г. А. и доколку сакаат да остварат излез од РМ истите да бидат задржани. По ова сега тужителот Б. С. од својот приватен мобилен телефон му се јавил на М., кого претходно го познавал и го известил дека МВР го бара со телеграма, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл. 353, ст. 2 в. в. со ст. 1 од КЗ.

Со ова сторување тужителот постапил спротивно на Законот за полиција, Законот за внатрешни работи, Упатсвото за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници, Кодексот на полициска етика и Правилникот за информации, документи, извештаи, податоци и други акти на Министерството за внатрешни работи кои согласно закон се определени со степен на класификација, мерките и активностите што се преземаат за нивна административна, физичка и информатичка безбедност, безбедност на лицата корисници на класифицирани информации и размената на класифицирани информации на Министерството за внатрешни работи, на кој начин ја прекршил работната дисциплина по чл. 207, ст. 1, т. 8 и 15 од КД на МВР.

Од горенаведеното, правилен е заклучокот на првостепениот суд дека во дејствијата на тужителот се содржани елементите на кршење на работната дисциплина и дека тужениот има основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 82, ст. 2 од ЗРО, чл. 149 од Законот за внатрешни работи и чл. 208, 212, 221, 236 и 237 од КД на МВР, односно дека решението е правилно и законито поткрепено со соодветни докази донесено согласно со одредбите од ЗРО, Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-664/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право