- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 293.64 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 13, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-93/13
„(...) тужениот при донесувањето на решението за откажување на договорот за работа број 04-10301/1 од 15.09.2010 година формирал дисциплинска комисија за спроведување на дисциплинска постапка при што бил составен и записник со дадени искази на вработени поврзани со критичниот настан при што била констатирана повреда во вршењето на работните обврски и кршењето на работната дисциплина. Според тоа, правилно одлучил првостепениот суд дека оспореното решение е правилно и донесено во законита спроведена постапка, а поради повреда на работните обврски и кршење на работната дисциплина, како и поради непридржување на прописите што важат за вршење на работите на работното место, несовесно вршејќи ги работните обврски со што ја загрозил безбедноста на установата, а во согласност со чл. 81, т. 1, 2 и 3 и чл. 82, ст. 1 од ЗРО в.в. со чл. 11, алинеа 1, 2, 3, 19 и 21 од Правилникот за дисциплинска и материјална одговорност на работниците. По наоѓање на овој суд, исказите дадени од страна на лицата (...) не доведуваат до поинакво одлучување за конкретната правна работа, од причина што тужителот не се придржувал на прописите што важат за вршење на работите на работното место со што иако бил должен, истиот не забележал оддалечување, односно бегство на осудените лица од затворениот дел на Установата.”