Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-59/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 287.89 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 8, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-59/13

„(...) одлуката за откажување на договорот за вработување е правилна и законита донесена согласно чл. 82, ст. 1, т. 5, чл. 85 и чл. 86 од ЗРО, а поради кршење на работниот ред и дисциплина на начин што тужителот како работник кај тужениот постапувал противправно прибавувајќи за себе значителна финансиска корист и во врска со работата сторил кражба нанесувајќи му на работодавачот значителна штета, односно истиот постапувал спротивно на своите работни обврски со што поништувал баркод на ливчињата во компјутерскиот софтвер, не издавал фискална сметка, а ја наплаќал услугата за паркирање на корисниците. Исто така, првостепениот суд од изјавата на тужителот правилно утврдил дека тужителот ја сторил повредата, бидејќи истиот не ги оспорил своите дејствија во текот на работењето. Според тоа, првостепениот суд правилно одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот како во изреката на пресудата, а согласно чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-122/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право