- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 523.75 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 18, 2018
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-636/17
„Согласно чл. 83, ст. 1, т. 2 и 11 од КД на ниво на работодавач е пропишано дека договорот за вработување на работникот му се откажува со отказен рок или кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски (причина на вина), во случаите на вршење на приватни работи за работно време и непридржување кон актите на работодавачот или на упатствата и процедурата за работа од претпоставените или служба.
Во точка 6.2 од Кодексот на однесување на вработените во М. АД С. е предвидено меѓу другото вработените никогаш да не го уништуваат имотот на М. АД, да не го користат имотот на М. АД за остварување на сопствените цели и профит и да не го користат работното време за извршување на нивни приватни задачи.
Во ситуација како во конкретниот случај кога од фактичката состојба произлегува дека тужителот од работно место шеф на оддделение во РЕ 620-Одделение за сурова нафта и природен гас во Дирекција за набавка од својот персонален компјутер со кој лично бил задолжен со цел да ги извршува своите работни обврски и задачи, вршел приватни работи за работно време и ги користел средствата на тужениот коишто биле наменети за вршење на неговите работни обврски и задачи на начин што неовластено изготвувал и скенирал документи за потребите на трети приватни лица и тоа фајлови за укинат стимул на Л. Т. и Б. П., фајл насловен до директорот на Дирекција за правни работи со предмет на документот „предупредување пред исклучување”, фајл насловен до Државен инспекторат за труд со предмет барање за приклучување кон барањето за заштита на права од работен однос, скениран документ насловен до Дирекцијата за големопродажба и малопродажба, до Синдикатот на М. како и приговор креиран на 15.11.2013 година. Во персоналниот компјутер бил пронајден и фајл со кој бил скениран документ со назив плата на Л. Т., како и документ насловен како извештај од 19.11.2013 година, скениран документ – извештај на супспецијалист кој се однесува на вработената Л. Т., по наоѓање на овој суд во дејствијата на тужителот има повреда на работниот ред и дисциплина во смисла на одредбата од чл. 81, ст. 1, т. 1, 3 и 11 од ЗРО и чл. 83, ст. 1, т. 2 и чл. 11 од КД на тужениот и на точка 6.2. од Кодексот на однесување на вработените во М. АД – С.”