- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 290.16 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 31, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2235/12
„(...) Имено, тужениот го донел решението за раскинување на договорот за вработување врз основа на чл. 82 од ЗРО. Во образложението на решението се наведува дека со записник на Комисијата за утврдување на одговорност и штета биле констатирани неправилности во работењето на тужителот и поради несовесно и неодговорно работење била направена голема штета на клубот.
Според наоѓањето на овој суд, ваквото решение е незаконито бидејќи во смисла на одредбите од чл. 72, 74 и 85 од ЗРО, со решението не се наведени факти и докази врз основа на кои се темели основот за давањето на отказот. Конкретно ништо не е наведено во решението, кога, со кое дејствие и која повреда и каде е предвидена таквата повреда, тужителот во случајот несовесно и неодговорно ја вршел работата. Во самото решение работодавачот мора да ја докаже основаноста на причината за отказот, а не отпосле во текот на судската постапка и без докази. Наводите како наводи без факти и докази не се ништо во докажувањето на она што се тврди. Отказот мора писмено да се образложи со самото решение за да може да се утврди дека решението е донесено врз основа на закон. Во случајот оспореното решение не е донесено во оваа смисла, туку само „голо” тврдење дека е донесено врз основа на чл. 82 од ЗРО и дека тужителот работел несовесно и неодговорно и со тоа направил голема штета на клубот.”