Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1555/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 333.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 4, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1555/10

„(...) првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката правилно утврдил дека тужителот бил вработен кај тужениот на работно место чувар – ракувач на пропан бутан. Согласно Правилникот за систематизација на работните места, во описот на работните задачи за ова работно место, меѓу другото, било наведено дека го чува објектот на пропан-бутан станицата. Овој објект претставувал резервоар со течен гас и капацитет 60м2 за чие чување и управување била предвидена посебна постапка со тросменско работење и како таков не смеел да биде оставен без надзор. На ден 02.02.2010 година во 02:00 часот кога тужителот бил на своето работно место – чувар на наведениот објект, бил затекнат на спиење од страна на овластено лице на Агенцијата за обезбедување на имот и лица У. ДООЕЛ. Со информација од Агенцијата бил известен тужениот дека чуварот – тужителот од страна на овластено лице на Агенцијата бил затекнат на спиење, односно дека критичниот ден при вршење на обиколка на објектите на тужениот меѓу кои и на пропан-бутан станицата, овластеното лице претходно му сигнализирал со сирената од службеното возило за да ја отклучи влезната врата од објектот. Со оглед дека не уследила реакција од страна на тужителот, овластеното лице ја прескокнал оградата и влегол во бараката каде на спиење на импровизиран кревет го затекнал тужителот кого го разбудил од спиење, по што се обидел да земе изјава и да го фотографира импровизираниот кревет во што бил спречен од тужителот кој се обидел и физички да се пресмета. Тужениот, врз основа на чл. 81, ст. 1, т. 1, т. 2 и т. 10 од Законот за работни односи, ја донел сега оспорената одлука откако утврдил дека тужителот, со таквите дејствија, сторил кршење на работниот ред и дисциплина со неизвршување или несовесно и ненавремено извршување на работните обврски, како и предизвикување неред и насилничко однесување, образложувајќи ја основаноста и причините за таквата одлука. Тужителот против ваквата одлука поднел навремен приговор, а во законскиот рок ја поднел предметната тужба пред судот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-393/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право