Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-545/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 308.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 11, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-545/12

„Во жалбата на тужениот се наведува дека првостепениот суд не го земал предвид чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО каде е утврдено на кој начин и во кој временски рок, тужителот требал да го извести тужениот за своето отсуство од работа, односно неможноста за доаѓање на работа.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужениот, но за истиот најде дека е неоснован, од причина што обжаленото решение за отказ на договорот за вработување е донесено согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО кој предвидува откажување на договорот за вработување без отказен рок поради неоправдано изостанување од работа 3 последователни дена или 5 работни дена во текот на една година, а не е донесено поради неизвестување на работодавачот, односно тужениот за отсуството од работа во рок од 48 часа во смисла на чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО. Во конкретната правна работа, тужениот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот во смисла на чл. 72 од ЗРО и исто така, тужителот го оправдал своето отсуство од работа со поднесување на извештај за привремена спреченост за работа и друга документација доставена од ПЗУ Д. Куманово. Според тоа, правилно првостепениот суд одлучил кога ја поништил одлуката за отказ на договорот за вработување како незаконита како во изреката на обжалената пресуда.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-901/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право