Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-467/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 361.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-467/13

„Во однос на тврдењата дека тужителот не ги исполнувал работните задачи и обврски, правилно првостепениот суд утврдил дека доколку навистина имало незадоволство од работата на тужителот, тужениот имал обврска писмено да го предупреди тужителот дека е незадоволен од неговата работа притоа имајќи ја можноста да поведе дисциплинска постапка, а тоа согласно чл. 73 од Законот за работни односи, а кое нешто тужениот не го направил, туку напротив на тужителот му дал отказ.

Незаконското работење на тужениот произлегува и од известувањето на Државниот инспекторат за труд кој имал задача да изврши контрола во деловното работење кај тужениот по претставка на вработено лице кај тужениот, па од овој доказ првостепениот суд утврдил дека тужениот како работодавач имал несериозен пристап кон извршувањето на своите обврски и задачи кои произлегуваат од Законот за работни односи, и истиот правел пропусти при вработувањето на начин што ниту на тужителот ниту на другите вработени не им давал примерок од Договорот за вработување, а при тоа истите не ги чувал во работните простории, иако бил должен да го стори тоа.

(...) правилно постапил првостепениот суд кога го усвоил тужбеното барање на тужителот и го задолжил тужениот да го врати на работа тужителот, а при тоа правилно го применил и материјалното право, односно одредбите од чл. 73, 74, 79, 80, 81, ст. 1, т. 2 и чл. 86, сите од Законот за работни односи (Сл. весник на РМ бр. 158/2010) (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-557/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право