Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-178/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 317.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 19, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-178/14

„(...) тужителката на 25.9.2012 година направила повреда на утврдените работни процедури и неправилно ја внела во билинг системот промената на пакетот на корисникот Б. Е. заради што дошло до активирање на два пакетa па на корисникот два месеци му било наплатувано износ од 899,00 денари наместо износ од 499,00 денари. Со овие дејствијата тужителката постапила спротивно на процедурите и активирала два пакетa, односно не ги следела правилата и покрај тоа што била обучена и тоа повеќе пати на соодветни обуки. Ова дотолку повеќе што тужителката претходно била опомената и ѝ била изречена парична казна, а со цел да се поправи, но и покрај тоа тужителката се однесувала несовесно во извршувањето на работните обврски. Имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката ги сторила повредите од чл. 82, ст. 1, т. 1 и 2 од ЗРО кои ѝ се ставаат на товар со одлуката за отказ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-174/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право