- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 304.17 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1732/12
„(...) правилно првостепениот суд при извршен увид во одлуката за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот утврдил дека на тужителката ѝ престанал работниот однос поради неисполнување на работните обврски утврдени со закон без отказен рок, односно тужителката не почитувајќи ги работните обврски не се вратила на работа три последователни дена. Меѓутоа, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај тужениот не ја известил писмено тужителката дека се исполнети условите за откажување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред и дека известувањето не го доставил до Синдикалната организација кај тужениот, а одлуката за откажување на договорот за вработување не е донесена во посебна постапка во која ќе се утврди кршењето на работниот ред и дисциплина преку сослушување на тужителката и изведување на докази или, пак, спроведување на увид заради утврдување на околностите и фактите во врска со постапката за утврдување на условите за престанок на работниот однос. Правилно првостепениот суд утврдил дека со оглед на фактот дека тужениот одлуката за откажување на договорот за вработување со отказ не ја донел во постапка пропишана со закон, КД и КД за вработените од земјоделска и прехранбена индустрија тужбеното барање е неосновано.”