- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 490.38 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 25, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-845/13
„Во конкретниот случај станува збор за повреда на работниот ред и дисциплина заради неоправдано изостанување од работа три последователни дена, а не се работи за нејавување на работникот, па од горе наведеното, произлегува дека тужителката во спорниот период отсуствувала од работа поради болест, што значи дека истата го оправдала своето отсуство. Оттука, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот при донесување на оспореното решение сторил повреда и неправилна примена на Законот за работни односи и донел незаконито решение, бидејќи тужителката го оправдала своето отсуство од работа за спорниот период, односно истата поради болест отсуствувала од работното место, а доколку повеќе што истата се јавила на сведокот Г. А. кој требал да го извести нејзиниот претпоставен, за причините поради кои не била во можност да доаѓа.”