Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1597/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 436.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 1, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1597/15

„(...) првостепениот суд утврдил дека работниот однос на тужителот му престанал со одлука бр (...) од 14.12.2009 на в.д. директор на тужениот со отказен рок од 75 дена, а поради повреди на работниот ред и дисциплина предвидени во чл. 81, ст. 1, т. 1 и 10 од ЗРО и чл. 95, ст. 1, т. 1 и 10 од КД за здравствена дејност на РМ.

При повторното постапување, првостепениот суд утврдил дека оспорената одлука за отказ на договорот за вработување не содржи конкретна причина поради која на тужителот му престанал работниот однос, односно во истата не било наведено и опишано со кое дејствије, на кој начин и кога тужителот ја сторил повредата на работниот ред и дисциплина, како и не било наведено кои правила пропишани од работодавачот тужителот не ги почитувал и со кои дејствија истиот сторил повреда на тие правила. Поради ова судот нашол дека тужениот постапил спротивно на чл. 72 и чл. 85 од ЗРО и пропуштил да го наведе основот, како и да ги образложи причините за отказот.

Согласно со чл. 72 од ЗРО, ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот.

Согласно со чл. 74 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.

Имено, за законитост на одлуката за отказ на договорот за вработување не е доволно само да се наведат членовите од Закон и КД кои тужителот ги прекршил, туку потребно е да се наведе и опише дејствието на тужителот со кое сторил дисциплинска повреда, како и во смисла на чл. 81, ст. 1, т. 1 да се наведат правилата пропишани од страна на работодавачот кои тужителот ги повредил и со кои дејствија истиот ги прекршил тие правила, односно тужениот морал конкретно да наведе во што се состои тоа кршење, а не така како што ја донел оспорената одлука без да наведе конкретно во што се состојат дејствијата на тужителот кои му се ставаат на товар.

Поради тоа, имајќи предвид дека во оспорената одлука не само што не се дадени конечните причини, односно со кои дејствија тужителот го прекршил работниот ред и дисциплина, како ни тоа што не е наведено на кој начин и точно кога тужителот предизвикал неред и насилнички се однесувал за време на работата, правилно првостепениот суд одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-769/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право