Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-811/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 297.55 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 12, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-811/10

„Имено, при неспорни факти кога е утврдено дека тужителот бил шеф – виш цариник на Царинската испостава Скопје и според Правилникот за систематизација на работните места бил должен да раководи со работата на царинската испостава и да обезбедува еднообразна и правилна примена на прописите во извршувањето на работите во испоставата и преземање на потребни мерки за ефикасно и успешно извршување на задачите, како и контрола на поднесената царинско-стокова документација, кога имало упатство за постапување за царинење на стока и кога бил направен извештај од изврешената контрола од инспекцијата од Одделението за внатрешна инспекција, според кој било утврдено дека во периодот од 1.4.2008 година до 30.6.2008 година тужителот не вршел надзор на извршувањето на работните задачи на работниците над кои бил овластен да го прави тоа и дозволил да настанат неправилности во работата утврдени во извештајот, правилно и законито било донесено решението бр.04-22329/7 од 26.9.2008 година со кое на тужителот му се откажува договорот за вработување, а поради кршење на работниот ред и дисциплина, согласно чл. 81, ст. 1, т. 2 и чл. 81, ст. 2 од ЗРО, а в. в. со чл. 58, ст. 1, т. 1 од Законот за царинска управа и чл. 123, ст. 1, т. 19 од Колективниот договор на тужениот поради тоа што тужителот не вршел надзор на извршувањето на работните задачи на работниците над кои е овластен да го прави тоа.

Жалбените наводи дека решението е донесено спротивно на чл. 73 од ЗРО, морал тужителот писмено да биде предупреден, дека е спротивно на чл. 55, ст. 1, т. 4 од Законот за царинска управа бидејќи решението за отказ не станало конечно – не било одлучено по приговорот, а тужителот веќе бил одјавен и не било наведено со кои конкретни дејствија е сторено кршење на работниот ред и дисциплина се неосновани, бидејќи кога се работи за повреда на работниот ред и дисциплина од чл. 81 и 82 од ЗРО не мора работодавачот претходно да го предупредува работникот. Тоа што работникот бил одјавен, а се уште не било одлучено по приговорот, нема влијание на законитоста на решението и на пресудата бидејќи решението кај работодавецот станува конечно по истекот на рокот во кој работодавачот требало да одговори по приговорот затоа што работодавачот може никогаш да не одговори или, пак, да одговори многу покасно. Битно е дека тужбата се поднесува после протокот на рокот за одговор по приговорот и судот одлучува по конечно решение за отказот од работен однос. Решението е донесено врз основа на извештајот за извршена контрола, а во извештајот наведени се сите неправилности во работењето, а тужителот не вршел надзор и не ги отстранувал неправилностите сторени од страна на работниците над кои бил должен да го врши надзорот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-343/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право