- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 317.11 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 22, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-283/14
„(...) видно од оспореното решение за отказ на договорот за вработување бр.0407-3555/3 од 17.07.2012 година на тужителот му се става на товар земање парични средства за себе со В. картичка – готовина од дневен пазар на Бензинска станица бр.070 Илинденска, на начин што вршел преименување на сметките од редовно плаќање – плаќање во готовина, во неготовинска наплата – плаќање со В. платежна картичка, како и непридржување кон распоредот на работното време така што во месеците февруари, март и април 2012 година зачестено доцнел при доаѓање на работа и предвремено го напуштал работното место без писмена согласност од работодавачот. Со наведените дејствија тужителот ги сторил повредите од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2, 4 и 5 од ЗРО и чл. 51, ст. 1, т. 1, 26, 35 и 60 од Правилникот за работа на вработените на бензинските станици. Имено, од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека тужителот бил запознаен за начинот на користење на платежната картичка „В.”, но и покрај тоа свесно продолжил со неговото несовесно користење на оваа картичка иако и самиот знаел дека тоа не е дозволено. Фактот дека тужителот бил во нарушена здравствена состојба и дека му требале парични средства поради тоа, не го оправдува неговото непрофесионално однесување кон шефот и клиентите на тужениот со тоа што ја злоупотребил неговата платежна картичка и несовесно ја користел за да стигне до средства во парична форма. Тужителот бил запознаен со неговите обврски како продавач согласно Правилникот за работа на вработените во бензинските станици и бил запознаен со неговите должности и обврски како продавач, меѓутоа работните задачи кои му биле доверени ги извршувал несовесно, ненавремено и неквалитетно, како и не се придржувал кон распоредот на работното време така што во месеците февруари, март и април 2012 година зачестено доцнел при доаѓање на работа и предвремено го напуштал работното место без писмена согласност од работодавачот. Имајќи го предвид наведеното, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на решението за отказ број 0407-3555/3 од 17.7.2012 година како незаконито.”