Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-174/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 324.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 12, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-174/14

„Во изјавената жалба тужениот наведува дека иако тужителот не дарувал крв на 29.06.2012 година поднел барање за користење на слободни денови и притоа употребил потврда за дарување на крв од ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РМ со неточен податок за денот на дарување на крв, но и покрај тоа ја искористил потврдата и поднел барање за користење на два последователни слободни работни дена и на тој начин го довел во заблуда тужениот.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што во конкретниот случај настапила застареност согласно чл. 94 од ЗРО, односно поминал и субјективниот и објективниот рок за застареност. Имено, согласно чл. 94 од ЗРО, отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од 3 месеци од денот на дознавање за фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од 6 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот. Поаѓајќи од содржината на напред наведената законска одредба, во случајот настапила застареност за давање на отказ на договорот за вработување на тужителот бидејќи тужителот поднел барање за слободни денови на 29.06.2012 година, а одлуката за отказ тужениот ја донел на 13.02.2013 година, што значи дека е поминат и субјективниот и објективниот рок во кој тужениот можел да му го откаже договорот за вработување на тужителот, поради што и не може да произведе правно дејство.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-961/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право