- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 349.04 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 26, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1655/11
„(...) Тужениот имал издадена наредба дека најстрого се забранува во просториите да се користат грејни тела како што се решоа, греалки и слично и дека ќе бидат одземени доколку се најдат. Ова од причина што пред неколку години имало избувнато пожар во фабриката. Дозволено било само пиење на кафе и чај донесени од дома во термос. Во Одлуката работодавачот се повикал на одредбите од чл. 82, ст. 1 од ЗРО, чл. 108 од Колективниот договор и на правилата за работен ред и дисциплина. Тоа што не е наведена некоја точка од членот 82, не е битно, бидејки ставот 1 упатува на кршење на работниот ред и дисциплина утврдени со Закон, Колективен договор и правилата за работен ред и дисциплина, а токму во случајот тужениот има и колективен договор и правила за работен ред и дисциплина каде е предвидено во членот 2 од правилата дека ќе се смета дека работникот ја крши работната дисциплина и работниот ред ако не го почитува редот и дисциплината, не ги исполнува работните обврски, потоа ако не се придржува на прописите што важат за вршењето на работите на работното место и во т. 14 е предвидено дека ако се приготвува храна на работното место. Судот не е врзан за основот и наведените членови од закон или Колективен договор или правила за работен ред и дисциплина. Судот е врзан за сторените дејствија, така да од содржината на сторените дејствија судот може да извлече заклучок за која повреда и за кој член од наведениот пропис се работи.”